Дома Фудбал Останато Изненадување: Мурињо повторно во Премиер лигата?

Изненадување: Мурињо повторно во Премиер лигата?

Утрово се појавија информации дека Жозе Мурињо не е најзадоволен во Рома и гледа понуди од Англија каде што некогаш ги водеше Челзи, Јунајтед и Тотенхем.

Наводно, Мурињо не бил задоволен затоа што е свесен дека американските сопственици немаат намера да вложуваат повеќе во Рома.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Португалецот со „волчицата“ ја освои Конференциската лига, оваа година играат ЛЕ и ги чека Салзбург во елиминационата фаза.

Исто така во трка се и во купот на Италија каде што ќе бидат фаворити против Кремонезе.

Треба да се знае дека Рома има „отворен“ пат до финалето затоа што во финалето би играле со подобриот дуелот помеѓу Фиорентина и Торино.

Но, Мурињо сака повеќе, борба за титула, големи вечери во Лигата на шампионите…Со буџетот во Рома тоа е тешко остварливо. 

Затоа сега се појавија информации дека би можел да се врати во Премиер лигата и тоа во Челзи. Наводно, Жозе преку својот агент Мендеш го известил Челзи дека е заинтересиран да работи на „Стенфорд Бриџ“ .

Грем Потер се уште е тренер на тимот, меѓутоа Американците сигурно нема да имаат уште многу трпение ако резултатите не дојдат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челзи го наградува Палмер со нов договор

Младиот Кол Палмер блеска оваа сезона во дресот на Челзи и се етаблираше во еден од најдоб…