Дома Трансфер зона Изненадување: Кавани може во Реал Мадрид?!

Изненадување: Кавани може во Реал Мадрид?!

За искусниот Едисон Кавани немаше место во ПСЖ и Уругваецот го напушти клубот ова лето по истекот на договорот.

Името на Уругваецот до сега се поврзуваше со во главно „помали“ клубови од ПСЖ. Најблиску беше до Бенфика меѓутоа преговорите со Португалците пропаднаа поради неговите високи барања.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес „Газета дело Спорт“ објави една малку изненадувачка вест. Наводно, Кавани како слободен играч би можел да се пресели ни помалку, ни повеќе туку во Реал Мадрид.

Според информациите Реал Мадрид сериозно размислува да го доведе Кавани доколку ова лето успее да ги продаде Лука Јовиќ и Маријано Диаз, двајцата напаѓачи кои паднаа во втор план кај Зидан.

Ќе потсетиме, во зимскиот преоден рок Кавани беше и блиску до Атлетико Мадрид, но на крајот и тој трансфер не се реализираше. Кавани со 200 голови е најдобриот стрелец во историјата на ПСЖ и без оглед на годините сигурно се уште е еден од најдобрите напаѓачи во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…