Искусниот француски тренер на Арсен Венгер е еден од кандидатите за нов селектор на Швајцарија откако Владимир Петковиќ ја напушти функцијата и седна на клупата на Бордо.
Како што пренесува „РМЦ Спорт“ повикувајќи се на швајцарски извори Венгер после три години може да пронајде нов ангажман, но овој пат како селектор.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Венгер и Швајцарија беа во контакт уште во 1995 година пред да го преземе Арсенал, но тогаш до договор не дојде.
Искусниот стратег кој од 2018 година е вработен во ФИФА, течно зборува германски и француски и според најавите би бил краткорочно решение за клупата на Швајцарија. Поточно до крајот на календарската година или евентуално до март следната.