Арсен Венгер после 22 години одлучи да го напушти Арсенал, но изјави дека нема намера да се пензионира и сигурно ќе работи во друг клуб.
Искусниот француски стратег призна дека има многу понуди, дури повеќе од што очекувал, но се уште нема донесено одлука (види ОВДЕ).
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Италијанските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и пренесуваат дека Венгер кариерата би можел да ја продолжи во Наполи.
Имено, претседатело на Наполи, Аурелио де Лаурентис веќе го контактирал Венгер и во него гледа идеална замена за Маурицио Сари.
Французинот е големо име во фудбалскиот свет, би привлекол атрактивни играчи, а познато е дека Венгер исто како и сари негува атрактивен фудбал.