Според информациите кои со недели ги објавуваат италијанските спортски портали, Jувентус во летниот преоден рок ќе се засили со Анхел Ди Марија.
Аргентинецот ќе го напушти Пари Сен Жермен на крајот на јуни како слободен играч, а преговорите меѓу него и италијанскиот клуб наводно се во завршна фаза. Такви се информациите на Италијанците, додека во Шпанија Ди Марија започнаа да го поврзуваат со Барселона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Мундо Депортиво“ пренесува дека Барселона влегува во игра за потписот на Ди Марија, меѓутоа само доколку Осман Дембеле дефинитивно си замине. Во случај Французинот да остане во клубот тогаш Аргентинецот не би бил потребен на Каталонците.
Самиот Ди Марија изјави дека засега не тој нема донесено одлука каде ќе ја продолжи кариерата и дека во одлуката големо влијание ќе има неговото семејство.
Ди Марија има искуство со играње во шпанското првенство во кое од 2010 до 2014 година го носеше дресот на Реал Мадрид и со него освои шест трофеи, меѓу кои Ла Лига и Лигата на шампионите. Потоа и пред да замине во ПСЖ во 2015 година, сезоната ја помина во Манчестер Јунајтед.