Веќе подолго време се пишува дека Иван Перишиќ има желба да го напушти Интер.
Хрватскиот репрезентативец е една од темите за која сигурно ќе се пишува во последните денови од преодниот рок.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Денес новинарот на „Би-Би-Си“, Дејвид Орнстеин објави на својот Твитер профил дека Арсенал испратил официјална понуда за услугите на Иван Перишиќ.
Орнсетин пишува дека Арсенал испратил понуда за Перишиќ за позајмица до крајот на сезоната и откуп на лето за сума од околу 40 милиони евра. Интер не би требало да има ништо против бидејќи отприлика толку бараа за услугите на Хрватот.
Arsenal have made an approach to sign Inter Milan winger Ivan Perisic. #AFC want loan with £35m option to buy. 29yo open to #Inter exit. Fits plan of versatile midfielder e.g. Suarez (still possible) / Nkunku + winger. Unclear if injuries mean defender wanted but Sokratis not bad
— David Ornstein (@bbcsport_david) January 26, 2019
На тој начин би се остварила желбата на Перишиќ да заигра во Премиер лигата.
Интер не е задоволен од учинокот на Перишиќ кој оваа сезона е очаен. На 18 натпревари Перишиќ постигна само три погодоци.