Дома Фудбал Останато Изгубиле пари поради него: Тројца Американци го тужат Роналдо

Изгубиле пари поради него: Тројца Американци го тужат Роналдо

Кристијано Роналдо наскоро би можел да се најде на обвинителска клупа откако тројца Американци поднесоа тужба против него поради рекламирање на сонтроверзната берза на криптовалути „Бајнанс“.

Тројцата Американци, Мајкл Сизмор, Мајк Вонгарда и Гордон Луис бараат оштета од 38-годишниот напаѓач поради големите загуби кои ги имале на берзата во која вложувале затоа што сметале дека зад неа стои лик како Португалецот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Роналдо во 2022 година потпиша договор за рекламирање на „Бајнанс“, но во него е вклучено и промоција на сомнителни нерегистрирани осигрувања.

„Промоцијата на Роналдо на „Бајнанс“ му помогна да дојде до илјадници вложувачи кои се дел од армијата милионски следбеници на фудбалерот“, стои во дел од тужбата.

Роналдо во овој момент е фокусиран на дербито против Ал Хилал во Саудиска Арабија, па така не се огласил по повод овие обвинувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…