Дома Фудбал Англија Избрани топ 10 трансфери во Премиер лигата, еден е посебен

Избрани топ 10 трансфери во Премиер лигата, еден е посебен

Во изминатиот викенд во драматична завршница заврши сезоната во Премиер лигата.

Манчестер Сити стигна до шампионската титулам Ливерпул остана второпласиран, Челзи и Тотенхем обезбедија настап во Лигата на шампионите, додека Арсенал и Манчестер Јунајтед ќе играат Лига Европа. Во Конференциската лига се пласираше Вест Хем. Норвич, Вотфорд и Барнли се преселија во Чемпионшип.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„ESPN“ состави сега состави и листа од 10-те најдобри премиерлигашки трансфери за крајот на сезоната.

10. Хозе Са (Вулвс) – Поранешниот голман на Олимпијакос се покажа како одличен во дебитантската сезона на голот на Вулверхемптон, беше еден од најдобрите играчи во тимот на Бруно Лаж, кој првенството го заврши на 10. место,

9. Бруно Гимараеш (Њукасл) – Гимараеш дојде во Њукасл од и за кратко време ги освои симпатиите. Може да се каже и дека е симбол на почетокот на новата ера на клубот под водство на шеикот, Мохамед Бин Салман.

8. Марк Гуехи (Кристал Палас) – Вишокот на Челзи како стопер добро му дојде на лондонскиот тим оваа сезона. Гуехи беше предводник на одбраната во тимот на Патрик Виеира, што остави одличен впечаток. Палас ја заврши сезоната на 12. место, а 21-годишниот стопер стигна и до пвик во англиската репрезентација.

7. Ден Барн (Њукасл) – Доколку Бруно Гимараеш им донесе на „страчките“ дополнителен квалитет и разновидност во нападот, поранешниот стопер на Брајтон беше фактор на стабилност во тимот на Еди Хау. Неговото доаѓање во „Сент Џејмс “Парк за време на католичкиот Божиќ беше една од најдобрите работи за Њукасл оваа сезона.

6. Мартин Одегард (Арсенал) – Одличните партии на поранешниот фудбалер на Реал, за жал на навивачите на Арсенал, не беа доволни за „топчиите“ да се пласираат во Лигата на шампионите следната сезона, но Норвежанецот го покажа својот неприкосновен квалитет и се наметна како еден од клучните играчи во тимот на Микел.Артете. Со него може да започне нова, поуспешна ера на Арсенал.

5. Кристијано Роналдо (Манчестер Јунајтед) – Можеби единствената светла точка во Манчестер Јунајтед оваа сезона е враќањето на Кристијано Роналдо. Многумина го гледаа Португалецот како причина за проблемот на „црвените ѓаволи“, но јасно е дека без головите на Роналдо, тимот на Ралф Рангник ќе останеше и без Лига Европа. Новиот менаџер на Јунајтед, Ерик тен Хаг веќе изјави дека сака да го има Роналдо за новата сезона.

4. Конор Галагер (Кристал Палас) – Младиот играч за врска дојде во Палас на позајмица од Челзи и беше едно од најголемите откритија на Премиер лигата оваа сезона.

3. Крег Доунсон (Вест Хем) – Доусон одигра одлична сезона откако дојде од Вотфорд во Вест Хем. Искусниот стопер ја покажа својата класа во тимот на Дејвид Мојс и беше еден од најзаслужните за новиот пласман во Европа на „чеканите“.

2. Луис Дијаз (Ливерпул) – Изгледаше дека офанзивата на Ливерпул со Салах, Мане, Јота и Фимина не може да биде подобра, но Диаз ги демантираше таквите размислувања. Колумбиецот оваа зима дојде од Порто и донесе нова димензија во тимот на Јирген Клоп. Иако не зборува англиски, Дијаз одлично се вклопи и одлично се разбира со сите во клубот.

1. Кристијан Ериксен (Брентфорд) – Враќањето на данскиот фудбалер во Премиер лигата е многу повеќе од само обичен трансфер. Ериксен се врати после здравствените проблеми на Европското првенство минатата година, за среќа се опорави и се врати во препознатливата форма. За Брентфорд играше одличен фудбал и повторно се врати во репрезентацијата, а поради добрите настапи интерес покажаа повеќе клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Марка: Барселона потпишува мега-договор. Тоа ќе и донесе најмалку 1,3 милијарди евра

БАРСЕЛОНА наскоро би требало да потпише договор со Најк вреден повеќе од една милијарда ев…