Тони Крос e избран за најдобар фудбалер во Германија во сезоната 2023/2024, додека Чаби Алонсо од Баер Леверкузен е прогласен за најдобар тренер, откако без пораз ја освои титулата во Бундеслигата, прва во клупската историја.
Крос по втор пат ја доби наградата што ја доделува германскиот спортски магазин „Кикер“, претходно тоа му успеа и во 2018 година.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Минатиот месец Крос ја заврши кариерата минатиот месец, по елиминацијата на германската репрезентација од Шпанија во четвртфиналето на ЕП, а со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите и шампионската титула во Шпанија.
Во анкетата на „Кикер“, Крос доби 285 гласа, пред Флоријан Вирц од Леверкузен кој доби 246 гласа и Гранит Џака од Леверкузен со 66 гласа.
Минатата сезона Баер Леверкузен ја прекина серијата на Баерн Минхен од 11 шампионски титули и за првпат во клупската историја стана шампион на Германија. Тимот тоа го постигна без пораз, а го освои и Купот на Германија, по тоа беше доволно Алонсо да го добие признанието за тренер на сезоната.
Алонсо го презеде тимот во октомври 2022 година, кога Баер беше претпоследен во Бундеслигата. 42-годишниот шпански тренер доби 503 гласа, пред Себастијан Хенес од Штутгарт со 42 и Френк Шмит од Хајденхајм кој имаше 50 гласа. Штутгарт заврши на второто место во лигата, а Хајденхајм осми, во нивната прва сезона во Бундеслигата.