Дома Фудбал Иднината на Модриќ во Реал зависи од Белингам

Иднината на Модриќ во Реал зависи од Белингам

Реал Мадрид се уште не одлучил дали да му понуди нов договор на Лука Модриќ, а тоа зависи само од еден фудбалер.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Имено, најголема трансфер желба на Реал Мадрид е ѕвездата на Борусија Дортмунд, Џуд Белингам и нема да жали пари за да го доведе на „Сантиаго Бернабеу“.

Токму од неговото доаѓање ќе зависи и иднината на Лука Модриќ бидејќи во клубот во Белигам го гледаат идеалниот наследник на Хрвотот.

Модриќ цели 11 години е дел од Реал Мадрид и се етаблираше во легенда на клубот, но веќе има 37 години, па раководството размислува дали да го задржи уште една година.

Модриќ и оваа сезона игра на високо ниво и во неколку наврати истакна дека сака кариерата да ја заврши во Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Соблекувалната одлучи: Ѕвездите на Реал побараа продажба на миленикот на навивачите!

Вистински потрес се подготвува во соблекувалната на Реал Мадрид! Како што пишуваат некои ш…