Тројниот последователен шампион на Европа, Реал Мадрид во новата сезона најверојатно ќе влезе со нов голман.
Шпанските медиуми последниве денови пишуваат дека Реал веќе го договори доведувањето на Алисон од Рома за огромни 75 милиони евра, а се поставува прашањето што потоа ќе биде со Кејлор Навас. Костариканскиот голман нема да се согласи на клупа и веќе започнаа шпекулациите за неговата нова средина. Најновите вести кажуваат дека Навас е цел на Наполи и дека Италија би можела да биде неговата следна дестинација.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кејлор Навас е прва желба на Наполи на голманската позиција по неуспешните обиди да ги доведат Матија Перина и Руи Патриција. Освен Костариканецот, Наполи во опција го има и Берн Лена, но тој во моментов е поблиску до потпис за Арсенал. Новиот тренер на Наполи, Карло Анчелоти во Реал Мадрид се соработуваше со Кејлор Навас, со кого во сезоната 2014/15. ја освои Лигата на Шампионите.