Вчера заврши Светското првенство во ракомет на кое Данска доминантно стигна до титулата.
Данска во финалето покажа моќ против Норвешка, а за МВП на турнирот беше прогласен Микел Хансен кој Мундијалот го заврши со 72 погодоци.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Кога во прашање е идеалниот тим местото на Хансен му припадна на Норвежанецот Сандер Сагосен. Друштво на Сагосен му правеа неговите сонародници Магнус Јондал и Бјарт Мирхол.
Данците во најдобриот тим имаат двајца претставници, Николас Ландин и Расмус Лауге. Останатите позиции ги пополнуваат Фабијан Виде од Германија и Шпанецот Феран Соле.