Дома Фудбал Останато Идеален тим од играчи кои му кажале „не“ на Фергусон (ФОТО)

Идеален тим од играчи кои му кажале „не“ на Фергусон (ФОТО)

Сер Алекс Фергусон сигурно е еден од најдобрите тренери на сите времиња и она што го направи во Манчестер Јунајтед тешко дека некој ќе може да го повтори, барем не во блиска иднина.

Фергусон со „Црвените ѓаволи“ освои се што можеше да се освои и на клупата на овој клуб помина повее од 20 години, а од кога одлучи да се пензионира во 2013 година овој клуб доживеа голем пад.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ферги ретко знаеше да промаши некое засилување, но му се случуваше и тоа. Веројатно двете најголеми промашувања на кои сите се сеќаваат се Ерик Џемба-Џемба и Клеберсон, додека и тоа како погоди со трансферите на Кристиано Роналдо и Ерик Кантона.

Англиските медиуми сега во време кога нема спортски случувања направија тимод играчи со кои Фергусон преговарал, но сепак не успеал да ги доведе на „Олд Трафорд“.

Тој состав изгледа вака: Петар Чех, Филип Лам, Винсент Компани, Паоло Малдини, Биксенте Лизарзу, Пол Гаскоњ, Зинедин Зидан, Арјен Робен, Роналдињо, Давид Силва, Алан Ширер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …