Гонзало Игуаин призна дека го променил мислењето за МЛС лигата откако пристигнал во САД. Аргентинецот очекувал да постигнува голови многу полесно отколку во Европа, но на теренот работите излегле поинаку.
Аргентинецот дури по доаѓањето во американскиот фудбал сфатил дека лигата е потешка во однос на мислењето кое владее во фудбалската јавност.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Пред да дојдам во Америка мислев дека ќе играм со пура во устата, но не е така. Лигата е навистина тешка. Дури мислам дека Мејџор Сокер лигата можам да ја споредам со Серија А“, изјави Игуаин.
Инаку во последниот период Луис Суарез се поврзува со трансфер во МЛС и тој би можел да биде следното големо име од европскиот фудбал кој во залезот на кариерата ќе настапува на американските фудбалски терени.
Игуаин во редовите на Интер Мајами пристигна во 2020 година, а претходно го носеше дресот на Реал Мадрид, Наполи, Јувентус, Милан и Челзи.