Дома Топ вести Игра за Аргентина, го нарекуваат мексиканскиот Меси, а сега бесплатно пристигна во Милано

Игра за Аргентина, го нарекуваат мексиканскиот Меси, а сега бесплатно пристигна во Милано

18-годишник кој се прослави пред три години, аргентинскиот репрезентативец со мексиканско потекло Лука Ромеро е нов играч на Милан.

Милан и официјално потврди дека ова десно крило е нов член на Росонерите, а од Лацио пристигна бесплатно.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Стефано Пиоли на тој начин доби универзален играч со оглед на тоа дека Ромеро може да игра и на левото крило и на средината на теренот доколку е потребно.

За неговиот талент доволно говори и фактот што во 2020 година како член на Мајорка стана најмладиот играч кој дебитирал во шпанската Примера со 15 години и 219 дена.

Иако е роден во Мексико, член на Аргентина е од У-15 години, но чека да дебитира во А-селекцијата откако одигра два натпревари за селекцијата до 20 години.

Уште порано го нарекуваа мексиканскиот Меси, а интересно е што во своите редови сакаа да го видат и шпанската репрезентација.

Ромеро ја започна својата кариера во Формантера (У19), а играше и во тимот на ПЕ Сант Жорди пред да се пресели во Мајорка во 2015 година.

Лацио го купи за 200.000 евра во 2021 година и по 21 натпревар и еден гол за овој клуб заминува во Милано.

Ќе видиме дали и како ќе се вклопи во тимот на Стефано Пиоли со оглед на тоа што тој се уште минува низ преоден рок и се навикнува на сениорското ниво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…