Дома Трансфер зона Играше за резервите на Динамо Загреб, сега потпишува за Челзи

Играше за резервите на Динамо Загреб, сега потпишува за Челзи

Португалскиот дефанзивец Габриел после одличната сезона во Лил, го привлече вниманието на клубовите во Премиер лигата, а Челзи наводно ја добил битката за неговиот потпис.

Според „Еуроспорт“, „сините“ ќе платат 35 милиони евра за играч кој претходно играше за вториот тим на Динамо Загреб.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интересно е тоа што пред само две години, Габриел пристигна на „Максимир“, но одигра само еден натпревар за Динамо и потоа беше преместен во вториот тим.

Оваа сезона блесна во дресот на Лил, играше во Лигата на шампиони и привлече големо внимание, па Челзи побрза да го договори трансферот на 22-годишниот дефанзивец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал и ПСЖ се „тепаат“ за големиот аргентински талент

Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат сериозен интерес за големиот аргентински талент на Ривер Плат…