Фудбалерот на Салцбург, Патрик Фаркас имал мозочен удар во текот на тренингот со својата екипа во октомври годинава, но клубот за тоа молчеше додека самиот фудбалер сега реши да ја отвори душата и да откри што се случувало.
Фаркас преку социјалните мрежи реши да ги открие деталите од целиот случај и го изненади фудбалскиот свет.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Немам што да кријам дека сите требаше да знаат дека имам мозочен удар. Бев затвореник во сопствено тело. Сакав да се движам, но не можев. Размислував за тоа што се случува и накратко помислив дека тоа е крајот“, порача 27-годишниот фудбалер.
Останува нејасно зошто Салцбург не ја известил јавноста за овој инцидент, а Австриецот морал да паузира долг период, по што неодамна почнал тренинг со екипата.