Дома Фудбал Англија Играчот на месецот во Јунајтед открива: Можев да останам без нога…

Играчот на месецот во Јунајтед открива: Можев да останам без нога…

luke shaw

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед кој беше избран за играч на месецот кај „ѓаволите“ се потсети на за него тешката 2015 година.

Манчестер Јунајтед нема добар месец зад себе, но тоа не може да се каже за играчот на овој клуб, Лук Шо кој сега откри како се чуствувал во 2015 година кога на два пати заработуваше скршеница на ногата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Би лажел кога би кажал дека не размислував за крај на кариерата. Имаше многу компликации, тоа за мене беа навистина тешки моменти“, изјави Шо за британските медиуми.

Шо тогаш се повреди во натпреварот од Лигата на шампионите против ПСВ поради што го пропушти остатокот од сезоната.

Сега тој се чуствува привилегиран што повторно игра фудбал.

„Никој не знае, но бев навистина блиску да останам без нога. Тоа не го знаев ниту јас, докторот ми го соопшти после шест месеци“, откри фудбалерот.

Лук Шо во 2014 година кога имаше само 18 години стана еден од најскапите тинејџери во светскиот фудбал кога од Саутемптон во Јунајтед се пресели за сума од 27 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…