Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Играчот за врска на Англија го напушти кампот: Семејството е најважно

Играчот за врска на Англија го напушти кампот: Семејството е најважно

england

Репрезентативецот на Англија, Фабијан Делф го напушти кампот на репрезентацијата и утрово се врати назад во Англија.

Имено, Делф доби дозвола од селекторот Саудгејт без проблеми да се врати во својот дом бидејќи неговата сопруга е трудна и наскоро на свет ќе го донесе неговото трето дете.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Не постои ништо поважно од семејството, за мене тоа секогаш е најважно и на прво место. Многу сум му благодарен на селекторот за разбирањето“, изјави Делф при напуштањето на кампот.

Делф во вчерашниот последен натпревар од групната фаза одигра 90 миунути, а детето кое наскоро треба да пристигне на свет е негово трето.

Англичаните во продолжение од Мундијалот ќе останат со еден играч помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …