Дома Фудбал Италија Играчите на Јувентус бараат Роналдо да се извини

Играчите на Јувентус бараат Роналдо да се извини

Главна тема во италијанските медиуми е скандалот кој го направи Кристиано Роналдо за време на дербито со Милан викендов.

Португалецот беше изваден од игра во 54-та минута, а тој демонстративно го напушти теренот без да се поздрави со тренерот. Притоа, медиумите известија дека го напуштил стадионот пред да заврши мечот.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тоа е против клупските правила на Јувентус, па било кој друг фудбалер да го направеше ова сигурно ќе добиеше жестока казна, но не и Кристиано Роналдо.

Јувентус молчи за целата ситуации и не смее ништо да преземе, а медиумите на Апенините денес известија дека сигурно нема да има казна за Роналдо. Од друга страна на Роналдо не му паѓа на памет да се извини.

„Газета дело Спорт“ тврди дека играчите на Јувентус бараат од Роналдо да се извини. Победничкиот гол го постигна Пауло Дибала кој влезе токму на местото на Португалецот.

Притоа, останатите играчи негодуваат што Роналдо има посебен статус и сметаат дека така се нарушува хармонијата во соблекувалната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Премиерлигаш со ултиматум до хрватски клуб: Бара да го променат логото!

Англискиот премиерлигаш Брајтон & Хоув Албион испрати писмо до хрватскиот нисколигаш …