Играчите на Брентфорд одлучија да го прекинат ритуалот со клечење пред секој натпревар во знак на борба против расизмот. Објаснија и зошто.
Ритуалот започна во јули кога од страна на полицијата во САД настрада Џорџ Флојд. Од тој момент челниците во Премиер лигата и Чемпионшип воведоа правило на клечење на играчите и судиите пред почетокот на секој натпревар.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Но, изгледа дека на тоа би можел да дојде крајот, прв тим кој се откажа е Брентфорд.
„До сега го почитувавме овој ритуал, но повеќе не веруваме дека тој има било какво значење. Мислиме дека треба да се превземе нешто друго. Треба да биде јасно дека Брентфорд е против расизмот, но ова никаде не води“, стои во клупското соопштение.