Дома Останати Ракомет Играл за машка репрезентација на Светскто првенство, сега во 2019 година ќе настапи на СП за жени!

Играл за машка репрезентација на Светскто првенство, сега во 2019 година ќе настапи на СП за жени!

Ракометарот по име Калум Монсеј играше за репрезентацијата на Австралија на Светското првенство во Шпанија во 2013 година.

Сега шест години подоцна тој би можел повторно да се појави на СП, но овој пат како член на женската селекција на оваа земја бидејќи во 2016 година го смени полот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Калум стана Хана, но и покрај тоа не ја изгуби страста за ракометот. Претходно немала шанса да настапи за националниот тим бидејќи Меѓународниот олимписки комитет барал хормонска терапија од една година за Хана да може да настапи за репрезентацијата.

Сепак, желбата и се исполнила. Во април оваа година започна да тренира со женската селекција, а дебито го имаше на Азиските игри. Австралија заврши како пета, а Монсеј постигна 23 погодоци.

Секако, нејзината појава на теренот е забележителна. Висока 188 сантиметри и тешка 100 килограми и тешко некој може да се носи со неа на паркетот.

„Многу сум горда што стигнав до оваа точка на кариерата. Не сфаќав колку ми е потребен овој спорт додека не заминав. Многу ми е важно што се вратив во ракометот“, истакна Хана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Екс-голманот на Вардар, Арпад Штербик имал срцев удар

Ракометниот тим на Веспрем објави дека екс-голманот Арпад Штербик нема да биде со тимот за…