Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски соопшти дека нема да се врати на тениските терени во следните пет-шест месеци.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според претпоставките, Ивановски би можел да се врати на теренот дури во септември.
„Бидејќи многумина се прашувавте кога ќе почнам да се натпреварувам. Ќе биде надвор од терените во следните 5-6 месеци. Ќе се вратам посилен“, соопшти Ивановски преку Инстаграм.
Последниот настап Калин го имаше кон крајот на ноември на турнир во Јапонија, претходно оствари неколку добри резултати и дојде до најдобриот ранкиг во кариерата.