Денеска низ улиците на Скопје се одржа 17-от традиционален Скопски маратон на кој победници беа Дарио Ивановски во машка, и Адријана Поп Арсова во женска конкуренција.
Ивановски маратонот го заврши со време од 2:21.27 часа, втор беше Босанецот Младен Ставановиќ, а трет Давид Перлич од Германија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поп Арсова маратонот го заврши со време од 2:40.36 часа, три минути пред второпласираната Илвија Јукаила од Еквадор и Билјана Кираџиева.
На машкиот полумаратон победи Ценков од Бугарија со време од 01:09,10, кај девојките прва беше Милјана Ристиќ со време 01:26,09.