Дома Останати Тенис Иванишевиќ знае кој би бил идеален тренер за Ѓоковиќ

Иванишевиќ знае кој би бил идеален тренер за Ѓоковиќ

Прекинот на соработката на легендарниот Горан Иванишевиќ и Новак Ѓоковиќ е главна тема на регионалната јавност последните неколку дена, а сега хрватскиот тренер даде свое мислење за тоа кој треба да биде негов наследник.

Ѓоковиќ се врати во Белград и таму одработи два тренинзи со легендарниот српски тенисер Ненад Зимоњиќ, кој, според сите проценки, ќе биде нов тренер на најдобриот тенисер во светот, со оглед на тоа што заедно се подготвуваат и во Монте Карло.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бидејќи дуото одлично се познава со децении, одработија многу тренинзи и натпревари заедно, се чини дека назначувањето на Зимоњиќ би било повеќе од логично решение, за што се залага и Иванишевиќ, кој за прпат зборуваше по прекинот на соработката со Ѓоковиќ.

„Не знам уште колку време ќе игра Новак, зависи од него, но мислам дека во овој момент е со совршената личност – Зики. Тој е мој голем пријател, поминавме многу, го сакам – тој е голем тениски стручњак. Сепак, најважно во целината на оваа приказна е што го познава Новак“, вели Иванишевиќ и додава:

„На Новак сега не му треба нов тренер, додека не го запознае, тој (Новак) би полудел по десет дена, а тој тренер би се прашувал што се случува. Мојата теорија е – балкански репрезентативец може тренира секого, но само човек од овие простори може да тренира балканец. “, изјави Иванишевиќ за „Спорт Клуб“.

Иванишевиќ потоа објасни зошто Зимоњиќ е вистинското решение.

„Јас и Зики се слушнавме, разговаравме уште пред да дознаам дека Новак го поканил, мислам дека Зики е совршен за Новак. Може да му помогне и во тенисот, Новак знае се, но можеби ќе му го каже истото во поинаков начин, со поинаков пристап, што ќе биде освежувачки за Новак. Зики го знае менталитетот на Ноле, заедно беа во Дејвис куп тимот, Зики беше и селектор“, заклучи Иванишевиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …