Златан Ибрахимовиќ од денес повеќе не е член на Манчестер Јунајтед.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Како што пренесува „Скај Спорт“, англискиот клуб го отпуштил Швеѓанецот, после само една сезона помината во клубот.
Ибрахимовиќ имаше добра сезона, постигна 28 погодоци, но во ¼ финалето од Лигата на Европа заработи тешка повреда. Го повреди коленото, а се зборуваше дека би можел и да ја заврши кариерата.
Сепак, Златан ги демантираше таквите шпекулации и најави дека ќе се врати, но сигурно не во дресот на Манчестер Јунајтед. Се споменуваше САД како наредна дестинација, но познавајќи го Златан, тој веројатно би останал уште некоја година во Европа.
