Ентони Џошуа со одбраната на титулата боксерски шампион во тешка категорија против Јосеф Паркер пред 80.000 гледачи на стадионот во „Кардиф“ ги обедени титулите од четири федерации.
После 12 рунди едногласно судиите одлучија дека Џошуа е победникот, со тоа го превзема и појасот WBO.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во исто време неговиот пријател и голем навивач, Златан Ибрахимовиќ беше фантастичен во дебито за Лос Анџелес Галакси, каде што во градското дерби за само 20 минути постигна два погодоци за победа на неговиот тим од 4:3.
Ибрахимовиќ по мечот на Џошуа му испрати порака преку својот Инстаграм профил.
„Ентони Џошуа, ми недостасува еден. Моќта е ништо без контрола. Секоја чест“, напиша Ибра под фотографијата.