Дома Фудбал Англија Ибрахимовиќ се прости и со Баи: „Како мислиш одје*и“ (ВИДЕО)

Ибрахимовиќ се прости и со Баи: „Како мислиш одје*и“ (ВИДЕО)

Сега веќе некогашниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ, денес се прости од своите играчи на „Олд Трафорд“ и веќе утре ќе биде претставен како ново засилување во ЛА Галакси.

Ибрахимовиќ одлучи да ја раскине соработката со „Црвените ѓаволи“ и кариерата да ја продолжи во САД. Шведскиот напаѓач денес дојде на тренингот на Јунајтед за да се поздрави со своите довчерашни соиграчи и да им посака среќа во продолжението од сезоната.

Во центарот на вниманието беше средбата на Ибрахимовиќ со Ерик Баи со кој е во добри односи. Откако Ибрахимовиќ објави на социјалните мрежи дека го напушта Јунајтед, токму Баи беше првиот кој се огласи, па во коментар му порача: „Одје*и“.

Секако, Ибрахимовиќ не остана должен, па денес одлучи да му возврати. Иако Баи мислеше дека ќе се слика со Ибра, шведскиот напаѓач го искористи тоа да го праша: „Како мислиш Одје*и“?!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мартинез сака да ја подобри формата на Леверкузен на гости

Баер Леверкузен се надева на прва гостинска победа во Бундеслигата оваа сезона против Мајн…