Искусниот Швеѓанец остава голема трага во Америка.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Златан Ибрахимовиќ се докажа во сите лиги каде што настапуваше, Италија Шпанија, Англија…Секаде каде што оди Ибра е истиот и приредува спектакли.
Со тие спектакли одат и неверојатни бројки, во последното коло неговиот ЛА Галакси беше поразен од Њу Јорк Булс со 3:2, но Ибрахимовиќ забележи гол и асистенција.
Во фудбалот во МЛС тој стигна во март 2018 година во првата сезона тој забележа учинок од 22 гола и десет асистенции. Ибра во натпреварот против Њу Јорк постави нов рекорд.
Сметајќи ги натпреварите од минатата и оваа сезона Швеѓанецот одигра 35 натпревари и беше дел од 43 погодоци (погодуваше или асистираше).
Никој претходно не достигнал вакви бројки на почетокот во МЛС кариерата. Ќе потсетиме, Ибрахимовиќ има 37 години.