Златан Ибрахимовиќ денес во улога на диектор имаше пресконференција во Милан на која го најави доаѓањето на новиот тренер Пауло Фонсека.
„Фонсека е тренер кој ни дава шанса да развиваме млади играчи. Следната сезона ќе играме четири натпреварувања, клуб како Милан мора да има конкурентен состав за тренерот да си ја заврши работата. Мораме да му обезбедиме на тренерот најдобри можни услови“, изјави Ибрахимовиќ.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ибра меѓу другото потврди дека клубот ова лето нема да ги продава своите ѕвезди па Леао, Тео Хернандес и Мењан сигурно остануваат на „Сан Сиро“.
„Тео и Мењан ќе останат, исто како и Леао. Тие се помеѓу најдобрите играчи на своите позиции и имаат договори со нас, тие се среќни ове. Нема потреба да продаваме, напротив, можеме да донесеме квалитетни фудбалери и да се подобриме“, изјави Ибра.