Милан во 21. коло од Серија А на Сан Сиро го декласира Кротоне со 4:0 и се врати на врвот на лигашката табела.
Росонерите лесно стигнаа до трите бода, а по два гола постигнаа Златан Ибрахимовиќ и Анте Ребиќ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Отпорот на Кротоне беше скршен во 30. минута. Леао и Ибра одиграа школска акција, а Златан ја заврши за предност од 1:0.
Со овој резултат се замина на одмор, а во продолжение тимот на Стефано Пиоли за само шест минути ја заврши работата на овој натпревар.
Златан во 64. минута погоди за 2:0 после одличната асистенција од Хернандез, а потоа на сцена стапи Анте Ребиќ.
Хрватскиот напаѓач погоди во 69. и 70 миута за конечен резултат од 4:0.