Златан Ибрахимовиќ констатно се поврзува со повеќе европски клубови.
Иако има 38 години Ибрахимовиќ смета дека се уште може да игра на високо ниво и без проблеми да постигнува голови во Серија А.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ибрахимовиќ се поврзуваше со Интер и Милан, а сега претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис упати отворена покана до Швеѓанецот.
„Пред се тој е мој пријател. Го запознав како сосема обична личност во Лос Анџелес. Поминавме неколку дена во дружење го повикав него и семејството на вечера имавме навистина убаво дружење. Тој е сосема друга личност од она на теренот. Желба ми е да дојде, но тоа зависи од него. За тоа веќе долго се зборува“, изјави Де Лаурентис.
Ибрахимовиќ во минатото во Италија го носеше дресот на Интер, Милан и Јувентус, а во овој момент е член на Ла Галакси.