Дома Македонски спорт Мак фудбал Ибраими со мајсторија обезбеди победа, Шкендија во Молдавија ќе брани минимална победа (видео)

Ибраими со мајсторија обезбеди победа, Шкендија во Молдавија ќе брани минимална победа (видео)

shkendija

Вечерва во рамките од квалификациите за Лигата на Европа својот натпревар го играше тимот на Шкендија.

Противник на клубот од Тетово му беше тимот на Шериф Тираспол. Пред натпреварот Шкендија ја доби улогата на благ фаворит,  што на крајот и ја оправда.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Шкендија до предност стигна во 24 минута со голот од слободен удар на Бесарт Ибраими. Иако Шкендија замина со предност на полувремето сепак може да жали што не стигна до поубедливо во водство.

Во тој период од играта „тетовци“ имаа две 100% шанси преку Жуниор, а еднаш го погодија и дирекот на гостите.

Во вториот дел следуваше нешто посмирена игра, како Тираспол заигра нешто подобро, па Шкендија не доминираше како во првото полувреме.

На крајот голот на Ибраими се покажа како одлучувачки, па избраниците на Ќатип Османи ќе патуваат во Молдавија со минимална предност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Женските фудбалски надежи ќе учествуваат на УЕФА турнир во БиХ

Младата женска репрезентација на Македонија до 16 години во периодот од 16 до 24 април уче…