Mаурисио Покетино од изминатата недела е тренер на ПСЖ.
Аргентинскиот стратег на клупатта на францускиот шампион седна на местото на Томас Тухел и потпиша договор до летото 2022 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Интересно е што Покетино на почетокот на 2020 година имаше понуда од Барселона. Познатиот новинар Гилијем Балаг тврди дека раководството на Барселона му понудило работа на Покетино откако Ернесто Валверде добил отказ. Таа понуда Покетино ја одбил.
Според информациите Покетино не сакал да ја води Барселона затоа што како играч го носел дресот на Еспањол и тренерската кариера ја започна токму во тој тим.
Аргентинецот не сакал да биде сметан за предавник па ја одбил понудата и чекал нова и таа ја пронајде една година подоцна во ПСЖ.
Ќе потсетиме, Покетино кон крајот на 2019 година ја раскина соработката со Тотенхем каде што го наследи Жозе Мурињо.