Дома Фудбал Зошто навивачите на Атлетико го навредуваа Гвардиола?

Зошто навивачите на Атлетико го навредуваа Гвардиола?

Навивачите на Атлетико Мадрид вчера на „Ванда Метрополитано го навредувале менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

Натпреварот на „Ванда Метрополитано“ заврши без победник 0:0 и англискиот клуб помина во полуфиналето благодарение на победата во првиот натпревар (1:0). Шпанецот на клупата на „граѓаните“ после натпреварот беше мета на фановите на домаќините кои не бираа зборови во навредите.

Новинарите кои присуствуваа на овој натпревар пренесуваат дека цел стадион навредливо скандирал за тренерот на Сити. Финишот од овој натпревар донесе многу тензија, а проблеми имаше и во тунелот.

Сепак, како и да е во полуфиналето ќе игра Сити против Реал Мадрид, во вториот пар се сретнуваат Ливерпул и Виљареал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одбраната на Скопје на нов тест: Тиквеш ја брка шестата сезонска победа

Скопје по ремито со Силекс гостува во Кавадарци, каде Тиквеш бара нови бодови за задржувањ…