Дома Останати ЗОИ Пекинг: Хокеарките на Канада и Русија играа со маски на лицето

ЗОИ Пекинг: Хокеарките на Канада и Русија играа со маски на лицето

На Зимските олимписки игри во Пекинг кои се во тек можат да се видат и необични сцени, а една таква беше на натпреварот на мраз во женска конкуренција меѓу Канада и Русија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хокеарките на овие две репрезентации натпреварот го играа со маски на лицето. Не се играат сите натпревари со маски, причина е доцнењето на ковид тестовите кај Русинките. Нивната репрезентација на натпреварот пристигнала без да ги дочекаат резултатите.

Канаѓанките прво не сакаа да се појават на мразот, а подоцна се пронашол начин за играње со маски под заштитните маски. Резултатите од тестовите пристигнале на пауза од третата третина и тогаш судиите им дозволиле да ги симнат маските. Интересно е што Канаѓанките одбиле, па така го доиграа натпреварот.

На крајот средбата заврши со победа од 6:1 на Канада.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…