После првиот ден натпреварувања во Пекинг на Зимските олимписки игри во Пекинг, Норвешка е на врвот со две освоени злата.
Златни медали за Норвешка денес освои Тереза Јохауг во скиатлон на 15 километри и мешана штафета во биатлон. На второто место е Словенија благодарение на Урши Богатај и Ники Кржањар кои освои злато и бронза во ски скокови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Третото место го делат Кина, Холандија и Шведска кои освоија по еден златен медал.
На шестата позиција е Италија со два сребрени медали, Канада и Русија освоија по едно сребро и бронза. Франција и Германија имаат две сребра, додека на 11. позиција Австраија, Унгарија и Јапонија освоија по една бронзен медал.