Дома Фудбал Знаете ли кој клуб има најмногу фудбалери во полуфиналињата на СП?

Знаете ли кој клуб има најмногу фудбалери во полуфиналињата на СП?

Англискиот фудбалски клуб Тотенхем има најмногу фудбалери во полуфиналињата на Светското првенство – дури деветмина.

Тоа се Англичаните, Хари Кејн, Деле Али, Кириан Трипие, Ерик Даер, Дани Роуз, потоа Белгијците Вертинген, Ајдервајлед и Муса Дембеле како и францускиот голман Уго Лорис.

Потоа следуваат клубовите од Манчестер со по седум фудбалери, а Челзи ќе има шестмина претставници во полуфиналињата. Ливерпул, Барселона, Монако и ПСЖ се застапени со по 4 фудбалери.

Во полуфиналињата на Мундијалот ќе има вкупно претставници од 45 фудбалски клуба од 13 фудбалки првенства.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал се прости од Питер Стори: Почина поранешниот дефанзивец со 501 настап

Питер Стори почина на 81-годишна возраст. Поранешниот дефанзивец мина 12 години во Арсенал…