Дома Фудбал Знаете ли кој го пријави Роналдо во УЕФА поради прославата на погодокот?

Знаете ли кој го пријави Роналдо во УЕФА поради прославата на погодокот?

Кристијано Роналдо погодокот против Атлетико Мадрид во ЛШ го прослави на посебен начин.

Португалецот се одлучи да ја “копира“ прославата на тренерот на мадридскиот тим Диего Симеоне.

Иако делегатот на натпреварот во извештајот ништо не споменал, Роналдо за гестикулацијата при прославата во УЕФА го пријавиле од Атлетико Мадрид.

Сметале дека Роналдо ги прекрашил правилата на однесување на теренот и побарале казна за ѕвездата на Јувентус, но очигледно заборавиле дека пред само неколку недели нивниот тренер го направи истото.

Сепак, УЕФА нема ригорозно да го казни Роналдо. Од таму соопштија дека Роналдо ќе биде парично казнет, но само доколку се утврди дека прославата била упатена кон навивачите на противничкиот тим.

Паричната казна би можела да изнесува 20.000 евра. Толку на сметката на УЕФА уплати тренерот на Атлетико, но доби предупредување дека наредниот пат доколку се случи истото ќе биде суспендиран.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…