Maлаики Михамбо скокна до златниот медал на Олимписките игри во Токио во скок од далечина.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во последниот обид таа успеа да скокне точно седум метри и така стигна до посакуваното злато. Завршницата беше навистина возбудлива, Михамбо имаше загарантиран медал со скок од 6.95 метри, откако Марин Бек-Романчук остана на 6.88, а Србинката Ивана Шпановиќ не успеа да скокне повеќе од 6.91.
Германката во последниот скок стигна до седум метри и тоа и беше доволно за медал. Шпановиќ со 6.91 заврши на четвртото место. Третото место го освои Есе Бруме од Нигерија, а до сребро стигна Американката Бритни Рис која скокна 6.97.