Арсенал во неделата на „Енфилд“ во дербито од 30-тото коло во Премиер лигата имаше 2:0, но на крајот во драматична завршница остана без два важни бода во трката за шампионската титула.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Стрелци на головите за „топџиите“ беа Мартинели во осмата и Жесус во 28-та минута. Салах постигна гол за домаќините во 42-та минута, а Фирмино во 87-та минута. Арсенал сега има шест бодови предност во однос на Сити, но „граѓаните“ имаат и натпревар помалку.
Доминираше Арсенал на почетокот, но потоа Ливерпул се врати и изедначи. При голот за 2:2, главен виновник кај Арсенал беше Александер Зинчеко кој катастрофално реагираше и Фирмино го искористи тоа.
Артета веднаш го замени, а Зинченко се расплака на клупата, свесен дека овој кикс Арсенал може да го плати со титула.
Only three things in life are certain: birth, death, and Zinchenko crying. pic.twitter.com/h7NVxfxDuh
— Morgan (@utdscope) April 9, 2023