Дома Фудбал Останато Зидан со големи зборови за Крос: Кога зборува, зборува само за фудбал

Зидан со големи зборови за Крос: Кога зборува, зборува само за фудбал

Tренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан имаше интервју за францускиот портал „Реал Франс“ во кое најмногу зборуваше за Тони Крос.

Зидан Крос го тренира од 2016 година со пауза во сезоната 2018/2019 кога не беше на лупата на Реал. Германецот секогаш беше важен дел од неговиот среден ред.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Кога дојдов на клупата во Реал бев среќен што ќе соработувам со Крос. Вистина е дека по тренерската кариера ќе можам да кажам дека сум ги тренирал Кристиано, Бејл, Модриќ, Рамос, но исто така ќе кажам дека сум го тренирал и Крос. Импресивно е да го гледате на тренинг секој ден. Кога зборувате за него зборувате за некој кој е голем играч“.

„Тони не зборува многу и е многу резервиран, кога зборува зборува за фудбалот тоа го прави пред сите: Тренерите, колегите, играчите…Не престанува да зборува. Сум видел многу дискусии во кои бил клучен со своето присуство“, изјави Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо се враќа во Европа!? Позната и следната дестинација

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, моментално настапува за …