Дома Топ вести Зидан се враќа за уште еднаш да го победи Перез!

Зидан се враќа за уште еднаш да го победи Перез!

zidane

Попладнево како „бомба“ одекна веста дека Зинедин Зидан се враќа на клупата на Реал Мадрид.

Се шпекулираше подолго време и веројатно голем дел од спортската јавност не веруваше, но кога веќе објавија скоро сите најпознати спортски медиуми меѓу нив и „Марка“ (одлично запознаена со случувањата во Мадрид) јасно е дека прашање на време е кога ќе пристигне официјалната потврда.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Да се потсетиме како Зидан замина, само пет дена после освојувањето на шампионската титула во Лигата на шампионите.

„Вчера разговарав со претседателот и се обидов да му објаснам за што размислувам. Ова е малку чуден момент, но од друга страна важен и добар за сите нас. Го сакам овој клуб и претседателот кој ми даде прилика да играм, а потоа и да го водам клубот од моите соништа. Но работите се менуваат и затоа донесов одлука да заминам“, гласеше изјавата на Зидан при обраќањето пред медиумите.

Како што може да се заклучи од неговите зборови Зидан замина поради несогласувања со Перез и сега веројатно тие несогласувања се надминати (претпоставуваме).

zidane

Зизу веројатно знаеше дека Роналдо ќе замине, беа во одличен однос со Португалецот, па не можеше да помине преку тоа. Сега Роналдо не може да биде вратен, но Зидан е во ситуација во која нема што да изгуби.

Реал со Зидан изгледаш моќно буквално доминираа во Европа, а за тоа што остана откако Зидан си замина не треба да се трошат многу зборови…

Зидан не го доби тоа што посакуваше па си замина и сега се враќа како човек кој треба да го спаси клубот кој го издигна до небеските височини во Европа.

Доколку Зидан останеше тренер на Реал Мадрид можеби ќе му се случуваа истите работи како на Лопетеги и Солари, можеби и сега ќе му се случуваат, но Зизу се враќа во ситуација во која треба да биде спасител.

Реал Мадрид и онака е во лоша позиција, на „кралевите“ никако не им оди, па Зидан ако успее да ги врати на старите патеки на најдобар начин ќе му докаже на Перез дека во секоја ситуација мора да му верува и уште еднаш ќе однесе голема победа (претходно го победи кога си замина во вистински момент).

Пишува: Стефан Даскалов

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…