Дома Топ вести „Бомба“:Реал Мадрид го враќа Зидан

„Бомба“:Реал Мадрид го враќа Зидан

Еден од најпознатите новинари во Шпанија, Хозе Алварез пренесува дека Реал Мадрид ја разгледува опцијата да го врати Зинедин Зидан на клупата.

Карло Анчелоти сигурно ја одработива последната сезона на клупата, па „кралскиот“ клуб е во потрага по тренер за следната сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид според Алварез веќе контактирал со Зидан во кого гледа идеален човек кој би можел да го донесе Килијан Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“.

Зидан имаше неколку понуди од европските гиганти, кои ги одби во изминатиот период, а откако се повлече од функцијата во Реал Мадрид во мај 2021 година, тој е без работа.

Доколку се врати, тоа за него ќе биде трет мандат на клупата на Реал, а претходно со „кралевите“ ја освои Лигата на шампиони три пати, како и Ла Лига, Суперкупот на Европа, Суперкупот на Шпанија и Светското клупско првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…