Дома Трансфер зона Зидан сака да го продаде, Иско не сака да си оди

Зидан сака да го продаде, Иско не сака да си оди

Плејмејкерот на Реал Мадрид, Иско не сака да го напушти клубот во зимскиот преоден рок, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иско оваа сезона не е во плановите на Зинедин Зидан и ретко добива шанса, а на Ел Класико камерите го снимија како приговара од клупата за резерви.

Зидан дал „зелено светло“ за негов трансфер во јануари и бара од раководството тој и Марсело да бидат продадени за добрата атмосфера во соблекувалната.

Меѓутоа, информациите од Шпанија говорат дека Иско не сака трансфер во јануари и претпочита да остане до крајот на сезоната, дури по цена да седи на клупата за резерви.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…