Дома Фудбал Зидан после евроголот го пофали Винисус: Не заборавајте дека има само 18 години

Зидан после евроголот го пофали Винисус: Не заборавајте дека има само 18 години

Tренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан имаше причини за задоволство после победата против Осасуна од 2:0 во шестото коло од Ла Лига.

Французинот одмори неколку стандардни првотимци пред дербито со Атлетико. Сепак и покрај тоа што не играа: Бензема, Азар, Модриќ, Варан…Реал доминираше против незгодниот ривал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Веруваме во она што го правиме. Многу може да се постигне со смиреност и труд. Претходно не бевме така лоши, но во овој момент не сме баш добри. Многу сум среќен поради Винисус. Не заборавајте дека има само 18 години. Се обидувам да му верувам. Му беше потребен овој гол“.

Потоа Зидан го пофали и другиот Бразилец кој беше стрелец на овој натпревар, Родриго. За Родриго ова беше деби во Ла Лига.

„Среќен сум и поради Родриго, тој е одличен фудбалер. Неговата способност да ја контролира топката го дефинира како играч. Родриго на теренот помина само две минути, а потоа ја зема топката и во голем стил ја заврши акцијата“, изјави Зидан.

Во сабота Реал го очекува големото градско дерби на „Ванда Метрополитано“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…