Дома Топ вести Барса падна во Мадрид, Винисиус и отпишаниот Диаз го вратија Реал на врвот! (ВИДЕО)

Барса падна во Мадрид, Винисиус и отпишаниот Диаз го вратија Реал на врвот! (ВИДЕО)

Вечерва во рамките од Ла Лига беше одиграни „Ел Класико“ кое на крајот заврши со победа на Реал Мадрид од 2:0.

Натпреварот започна со силен ритам од самиот почеток се играше интезивно со шанси на двете страни, меѓутоа по првите 45 минути гол не видовме.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во вториот дел Реал беше по конкретен, најсериозно се закани Иско и тоа на два пати во неколку минути. При неговиот втор обид Тер Штеген веќе беше совладан, но од гол линијата спаси Жерар Пике.

Моментот на одлука се случи во 71. минута кога Винисиус Жуниор доби една топка од Тони Крос која ја искористи на најдобар начин и го совлада Тер Штеген. Со овој гол Винисиус стана првиот играч роден после 2000 година кој постигнал гол во едно „Ел Класико“:

Точка на натпреварот стави Маријано Диаз кој после само некоја минута на теренот во првиот настап сезонава погоди за 2:0.

Реал Мадрид со овој триумф се враќа на врвот од Ла Лига со еден бод предност во однос на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…