Реал Мадрид минатаа сезона стана првиот клуб во историјата кој ја одбранил титулата во Лига на шампиони, притоа ја освои титулата во Примера.
Поради тоа нормално дека играчите на „кралскиот“ клуб доминираа на церемонијата на ФИФА каде се делеа наградите за најдобрите од минатата сезона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кристиано Роналдо беше избран за најдобар фудбалер на светот, меѓутоа Зидан смета дека првото име во Реал и играч без кого не може да го замисли тимот е Серхио Рамос.
„Рамос е капитен на нашиот тим, тоа сите го знаат, но тој е и нашиот најважен фудбалер“, изјави Зидан.
Рамос на „Бернабеу“ пристигна во 2005 година од Севиља и во меѓувреме израсна во еден од најдобрите дефанзивци во светот и ја наследи капитенската лента од Касиљас.