Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан после вчерашната победа против Осасуна повторно зборуваше за Герет Бејл.
Зидан беше приморан во претходните месеци често да зборува за Бејл и да ги демантира медиумските извештаи дека ќе го напушти Реал Мадрид, а ништо поразлично не беше ни овој пат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бејл излезе од игра во второто полувреме, а новинарите веднаш се обидоа да извршат притисок врз Зидан за да каже дека не е задоволен од него.
Сепак, се случи спротивното.
„Сакате да имаме проблем со Бејл, но немаме. Ако Бејл не постигне гол, нормално дека не е среќен. Мора да се потриди повеќе кога е тоа во прашање. Но, среќен сум што асистираше.“ – изјави Зидан.
Инаку, Кралевите синоќа ја поразија Осасуна со 4:1 и на тој начин се зацврстија на лидерската позиција во Ла Лига.