Дома Фудбал Лига на шампиони Зидан доби одлични вести пред гостувањето во Торино

Зидан доби одлични вести пред гостувањето во Торино

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан доби добри вести пред гостувањето во Торино.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Реал Мадрид во вторник со почеток од 20:45 го очекува ¼ финалето од Лигата на шампионите каде што ќе се сретне со тимот на Јувентус.

Пред оваа средба во таборот на Реал добија одлични вести – Серхио Рамос и Иско се враќаат во тимот после лесните повреди поради кои го пропуштија натпреварот во првенството против Лас Палмас.

Сега надвор од тимот е само Начо Фернандез кој се повреди токму на оваа средба и не е познато кога ќе биде спремен да се врати на терените.

Ова значи дека Зинедин Зидан против Јувентус ќе може да излезе со најсилниот состав.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Валверде: Никој од соиграчите не ме удри. Случајно удрив во маса

Фудбалерот на Реал Мадрид, Федерико Валверде, излезе со соопштение во кое ја објаснува сит…